Се знае кога ќе бидат погребани жртвите од трагедијата во Кочани: Завршена е обдукцијата на телата (ФОТО)

Погребот на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се одржи на 20 март.

IMG-20250317-WA0059.jpg

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, рече дека е обезбедено сè што е потребно за организирање на погребот.

На погребот ќе присуствуваат и поглаварот на МПЦ, Неговата Светост Стефан, како и повеќе владици од Синодот.

Багерите и работниците веќе почнале да подготвуваат гробници, а еден работник бил видно потресен.

– Чувството е страшно, но што да правиме – рече тој.

Денеска заврши обдукцијата на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски на прес-конференција рече дека во трагичната несреќа се повредени вкупно 196 лица.

Од нив, 93 се лекуваат на клиниките во Скопје, а 80 во болниците во странство.