СЕ ИЗВИНУВАМ НА МОМЧЕТО НА МОТОРОТ КОЈ МЕ УДРИ! Девојката му се извини на момчето што налета на неа! Ова е причината!

Момче на мотор удри девојка додека таа непрописно минувала улица додека брзала на колоквиум, а после тоа се обидела да го пронајде преку социјалните мрежи и да му се извини !

– Би сакал да ја искористам оваа прилика да му се извинам на момчето кое денеска ме удри со својот мотор на Филозофскиот факултет, бидејќи поминував на црвено. Извини! Ми се вртеше во глава, не пиев кафе, не појадував… Таксистот ме остави на семафор, а обично ме оставаат на пешачки премин, па мислев дека е пешачки премин и јас не те видов од автобус – изјавила оваа девојка која користи Тик Ток и се претставува како Теа и додава:

– Извини ! Денеска цел ден бев на VMA за да се уверам дека нешто не е случајно скршено или исчашено, а не беше. Се е во ред. Не разменивме контакти за никој да не те тужи – објаснува таа и додава дека и полицијата ја прашала што се случило и дека рекла дека е нејзина вина.

– Се чувствувам многу лошо, бидејќи дечкото беше толку загрижен а јас само побегнав, затоа што брзав за колоквиум. А потоа три часа подоцна направив скриншот за тоа колку ме боли ногата. Извини! – наведува таа, прашувајќи, доколку некој случајно го познава мотоциклистот кој удри некого во близина на Филозофскиот факултет, да му го испрати ова видео.

@teawithluv

ako znate motoristu koji je nekog malo udario kod filozofskog, pošaljite mu pls #fyp #balkantiktok

♬ original sound – tea

Во коментарите, луѓето ја поддржаа девојката и и честитаа за храброста да признае дека згрешила. Некои прашаа и дали го положила колоквиумот.

– Па добро сум и поминав – се пофали девојката.

Некои изразија сомнеж дека зад оваа потрага по мотоциклистот стои желба повторно да го види.

– Дека не ти се допадна момчето? – праша некој, на што девојката, на жалење на романтичните души на мрежите, одговори негативно.