СЕ ИЗДВОИ ВО ТОЛПАТА – Кејт Мидлтон во капут во светли бои, а сите гледаа само во еден детал, многу необичен додаток (ФОТО)
Комбинација која мора да ја забележите!
Принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон го посетија Првиот баталјон на велшката гарда на Денот на Свети Давид. И овој пат Мидлтон беше на висина на задачата кога е во прашање изборот на гардероба за оваа пригода.
Таа избра светло розев капут, во комбинација со црна капа и многу елегантни чизми од виткана кожа.
На реверот од палтото носеше брош кој воедно е симбол на велшката гарда.
Целата комбинација ја заокружила со едноставна мала, црна чанта, а деталот кој го привлече вниманието на многумина се кожените ракавици кои ги носела.
Станува збор за црни кожени ракавици со многу специфична работа.