СЕ ИЗНЕРВИРАЛ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦАТА, ПА ПОЧНАЛ ДА ПУКА: Уапсен во Лесковац

Полицијата во Лесковац го уапси И.М.(52) од Ниш поради сомнение дека сторил кривични дела предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Тој е осомничен дека на 2 јануари во околината на Лесковац испукал истрел од пиштол во обложувалница во која имало повеќе лица – пишува во соопштението на СВР Лесковац.

На осомничениот по овластување на Вишото јавно обвинителство Лесковац му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, а со кривична пријава е изведен во надлежното обвинителство.