СЕ ОБИДЕЛ ДА СЕ УБИЕ ВО ПОЛНО КАФУЛЕ ПРЕД СИНОТ: Драма во Мајданпек, полицаец успеал да го спречи колегата да се застрела
Полицаец (53) од Мајданпек нешто пред 17 часот се обидел да си го одземе животот со пиштол. Тој се обидел да се самоубие во преполно кафуле каде што бил и неговиот син
Полицаецот во еден момент го зел пиштолот во раце и го ставил во уста сакајќи да се самоубие. Во тој момент реагирал неговиот колега кој му го исфрлил оружјето од рака. Пиштолот му го вратил дури кога ги извадил куршумите.
На несреќниот полицаец потоа му се слошило, а некои извори велат дека шеќерот во крвта му скокнал, па Брзата помош го однела на ЦПР. Тој сега е во стабилна состојба.
Инаку, полицаецот од вчера зборува како сака да се самоубие, но никој не го сфатил сериозно.