Се огласи белградската полиција: Откриено што ќе биде со осомничените за предизвикување на смртоносната експлозија во Земун
Полицијата во Белград по наредба на Вишото јавно обвинителство Белград уапси девет лица поради постоење основи на сомнение дека сториле тешки кривични дела против општата безбедност во врска со кривично дело предизвикување општа опасност.
Како што се сомнева, од 8 до 10 ноември годинава во Земун на улица „Шевина“ при изведување работи на поставување оптички инсталации за мобилна телефонија ја оштетиле плинската инсталација, поради што дошло до неконтролирано ширење на гас.
Тоа резултирало со експлозија на плин во куќа на таа улица и во таа прилика едно лице загинало, а друго се здобило со тешки повреди опасни по живот.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.