Бакингемската палата вчера објави дека британскиот монарх наскоро ќе оди на операција поради зголемена простата.
Во оваа прилика сега се огласи неговата сопруга Камила, која ја коментираше здравствената состојба на нејзиниот сопруг, кралот Чарлс Трети.
„Тој е добро, благодарам, со нетрпение чека да се врати на своите должности “, рече кралицата Камила денеска во Шкотска, каде што ја посети галеријата во Абердин, објавија странските медиуми.
Инаку, таа престојува во куќата на Дамфрис, каде што кралот имал низа договорени состаноци и настани кои сега се одложени поради ситуацијата. Како што е најавено, Чарлс Трети наскоро ќе се врати на своите должности.
Да потсетиме, веста за здравствената состојба на кралот стигна набргу откако Кенсингтонската палата излезе со соопштение дека Кејт Мидлтон била оперирана во болница во Лондон. Таа имаше операција на стомакот и нема да биде распоредена до Велигден.