Денес како бомба одекна вестта за изчезнатото девојче Вања Ѓорчевска кое, рано изутрнина тргнало за на училиште и потоа му се губи секоја трага. Последен пат била видена во близина на Дебар Маало.
На социјалните медиуми се споделува вестта за нејзиното исчезнување и детали за најзиниот изглед.
-,,Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и’ се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816″, објави утрово мајката на Вања.
Во текот на денот, мајката и по вторпат се огласи на фејсбук:
-Никогаш не се случило вакво нешто, ќерка ми е примерна ученичка, одговорна личност. Се сомневам дека е киднапирана! Обично на училиште оди заедно со сестра и’, денес сестра и’ остана дома и Вања тргна сама. Другарките не знаат ништо, класната наставничка е вознемирена, проверивме социјални мрежи, нема ништо! Затоа и сè поголем ни е сомнежот дека е насила одведена – појаснува вознемирената мајка.
За ова беше известено и Министерството за внатрешни работи кои целодневно работеа на случајот. Тие вечерва ги соопштија сите детали за овој немил настан.
Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната.
За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн.
Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката, известија од МВР.