Сопругата на бизнисменот киднапирана и брутално убиена: Јулија (38) убиена од банда предводена од ММА борец – телото фрлено во близина на гробишта

Сопругата на руски бизнисмен е пронајдена мртва откако била киднапирана на пат кон фитнес центар во Новоросијск.

За киднапирањето и убиството полицијата го уапси ММА борецот Карен Торојан и двајца негови соучесници. Телеграмскиот канал SHOT наведува дека Јулија (38) во петокот околу 8 часот влегла во своето БМВ Х6 и отишла на тренинг во теретана, по што и’ се губи секаква трага.

Сопругот испаничил и го пријавил исчезнувањето во полиција. Два дена подоцна, таа беше пронајдена мртва во шумата во близина на локалните гробишта. На телото имало повеќе убодни рани. Теренецот го нема. Истиот ден се приведени и осомничените за убиството на жената. Се испостави дека зад киднапирањето стои банда крадци на автомобили предводена од ММА борецот Карен Торојан (29) и неговите двајца пријатели.

Некои медиуми јавуваат дека киднаперите му испратиле СМС на бизнисменот барајќи откуп од еден милион американски долари.

Истрагата утврдила дека бандата нападнала уште двајца возачи во јавни гаражи пред фаталното киднапирање. Ставиле едно во багажникот, возеле низ градот, но потоа одеднаш го оставиле автомобилот со жртвата во багажникот и исчезнале. После тоа, го киднапирале вториот возач, кој подоцна бил оставен на пуст пат, а автомобилот бил фрлен. Третата жртва била сопруга на бизнисмен, која била нападната на пат кон теретана и подоцна убиена. За време на распитот во полициска станица, на еден од осомничените му се слошило, по што починал. Обдукцијата утврдила дека причина за смртта е срцева слабост.