Кристиано Роналдо вечерва е ударна вест! Засекогаш ќе остане запаметен по овој потег (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо имаше многу добри и лоши потези во текот на кариерата.

Многу се зборуваше и пишуваше за неговите цели, но и за неговите испади. Но, многумина од вечерва ќе го променат мислењето за него.

Португалецот со својот Ал Наср води клучна битка во азиската Лига на шампиони за премин во следната фаза против Персеполис од Иран.

На тимот од Саудиска Арабија му треба бод, а на Иранците победа.

А веќе на стартот на мечот дојде до шок. Судијата досуди пенал во 2. минута во корист на Ал-Наср, а истиот го доби самиот Роналдо. Гостите енергично протестираа, а потоа се појави Роналдо и со прст покажа кон судијата дека не е прекршок за пенал. Судијата на крајот мораше да ја смени одлуката.

Неверојатна спортска акција на еден од најголемите фудбалери во многу важен момент за неговиот тим.

На крајот неговиот тим одигра 0:0 и се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.

Сето тоа можете да го видете ТУКА