Се огласи момчето кое беше фатено во ,,жешка” акција: Вака се случи експлицитната сцена во авионскиот тоалет (видео)

Млад човек кој бешњ фатен во жешка акција во авионски тоалет со девојка која штотуку ја сретнал на аеродром, тврди дека не се ни сеќава на нејзиното име.

Пирс Соер отпатувал на Ибица за да го прослави својот 23-ти роденден со постариот брат Харисон и двајца пријатели.

Тој наведува дека девојчето прво го видел на аеродромот Лутон додека чекал да се качи на лет. Тие веднаш почнаа да разговараат, што го натера Харисон да ги смени местата со девојката во авионот. Младите дошле до идеја да имаат секс во тоалет 40 минути по полетувањето. Тој тврди дека имало двајца членови на кабинскиот екипаж покрај тоалетот и е прилично сигурен дека ги виделе како влегуваат внатре.

Жешка акција е снимена кога стјуардесата ја отворила вратата и ја затекнала младата двојка како има секс на 10.000 метри височина.

Пирс признава дека бил толку пијан што не можел ни да се сети на деталите за контакт на девојката и вели дека би сакал повторно да ја види. Успеа само да се сети дека и таа има 23 години.

– Тоа се случи по долг ден пиење. Не го добив ни нејзиниот број – рекол младиот човек.

Тој откри и дека немал секс со ниту една друга жена за време на четиридневното роденденско патување.

Да потсетиме, млад човек и девојка биле фатени на секс од член на екипажот на Easyjet кога ја отворил вратата од кабината, а еден од патниците на летот од Лутон до Ибица ја снимил необичната сцена.

Парот, сепак, не бил расположен да ја прекине акцијата и младиот човек веднаш ја затворил вратата.

Во друга снимка, тие можат да се видат како мавтаат со рацете без навестување на срам додека одат по патеката на авионот до своите седишта додека другите патници гласно ги бодрат.

– Бидејќи бев толку надвор од контрола, не ми беше гајле, но подоцна ме погоди – призна Пирс и додаде дека раскинал со девојката кога го земале багажот.

ЕasyJet му кажа на Пирс дека повеќе не е добредојден да лета со нив, па тој и неговиот брат беа принудени да издвојат 360 фунти за втор повратен лет.