Се огласи српското МВР по вестта дека малиот психопат се обидел да избега: Малолетникот е под 24 часовен надзор

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека тврдењата на одредени медиуми дека момчето убиец (14) се обидело да избега од здравствената установа во која се наоѓа откако на 3 мај годинава го извршил кривичното дело во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград се неточни.

– Нагласуваме дека малолетникот е под 24-часовен полициски надзор, што значи дека секаква можност за бегство е целосно невозможна – се наведува во соопштението.

Министерството за внатрешни работи апелира до медиумите да не објавуваат непроверени информации кои ја вознемируваат јавноста, особено кога станува збор за криминалниот чин кој длабоко ги потресе сите граѓани.