Луди возачи: Ќе се изненадите колку луѓе мастурбираат додека возат! Старите се ,,поопасни” (фото)

Возачите ширум светот ја загрозуваат сопствената, но и безбедноста на другите, препуштајќи се на своите страсти додека возат. Истражувањето од пред една година откри дека дури 26 отсто од луѓето на возраст меѓу 25 и 34 години мастурбирале барем еднаш во автомобил додека возеле.

Еден од начините на кои возачите се задоволуваат е со помош на мобилен телефон, открила осигурителната компанија која го спровела истражувањето.

Овие податоци се објавени откако неименувана 30-годишна жена удрила со својот Mini Cuper во комбе што превезувало риба бидејќи мастурбирала додека возела.

Сепак, возачите не се единствените кои си ,,играат со оган”. Дури 40 отсто од патниците на возраст од 18 до 34 години признале дека му го одвлекувале вниманието на возачот со некои незгодни постапки.

– Знаеме дека употребата на мобилни телефони може да предизвика сообраќајни незгоди, но не знаеме колку несреќи се случиле поради сексуални игри, дали сами или со партнер, бидејќи нема податоци за ова – изјави директорот на осигурителната компанија.

Истражувањето покажало и дека постарата генерација не е против секс во автомобил, па дури 70 отсто од оние над 50 години признале дека сакаат секс во автомобил, но во паркиран.

63 отсто од оние на возраст меѓу 18 и 54 години го направиле истото.

„Постарите генерации не се поконзервативни, тие само веруваат дека нема смисла да ризикуваат, па се воздржуваат додека автомобилот се движи“, рече тој.