Се оствари сонот на мажите: Лек за слабеење без вежбање и гел за зајакнување на ерекцијата во едно

Клучот за подобар сексуален живот на некои мажи се крие во жлездите на пајакот кој може да ве убие со својот залак.

Нов гел направен од отровот на бразилскиот скитник пајак (Phoneutria nigriventer) во моментов се тестира како третман за еректилна дисфункција. Гелот веќе ја помина првата фаза од испитувањата на луѓе и сега е подготвен за следната фаза.

Каснувањето на овој јужноамерикански пајак е познат по својата токсичност и може да предизвика забрзано чукање на срцето, напади, шок, па дури и смрт. Од друга страна, може да предизвика уште еден ефект: продолжена ерекција која може да трае со часови. И токму тоа го започна професорката Марија Елена де Лима, која реши да ги открие фармаколошките механизми зад ерекцијата предизвикана од отровот на пајакот со цел да развие безбеден и ефикасен лек за еректилна дисфункција.

Така е создадена синтетичката молекула BZ371A, врз основа на која бразилската здравствена регулаторна агенција Anvisa ја одобри првата фаза од клиничките испитувања на лекот. Раните испитувања веќе покажаа дека е нетоксичен за луѓето, што е клучна пресвртница во развојот на лекот. Локалната примена на BZ371A води до зголемен локален проток на крв, што ја олеснува ерекцијата на пенисот, така што BZ371A, веруваат истражувачите, може да понуди ефикасно решение за 30% од пациентите кои не можат да ги користат постоечките орални лекови како Виагра од медицински причини.

Исто така, интересно е да се забележи дека тие ја „вградиле“ ДНК на пајакот во свилената буба. Оваа конкретна комбинација беше тестирана на глувци и даде одлични резултати. Имено, лек кој ги поттикнува мускулите да согоруваат гориво како да вежбаат, ја намалува масната маса кај глувците, открија истражувачите од Универзитетот во Флорида.

Овој лек ги активира рецепторите во мускулите, создавајќи ефекти слични на аеробните вежби. Наместо да го потиснуваат апетитот на начинот на кој го прави Оземпик, животните третирани со лекот трошат повеќе енергија додека се одмараат и можат подолго да вежбаат откако ќе почнат да се движат.

По 28 дена третман, просечното губење на тежината беше околу 12 проценти, според студијата објавена во Журналот за фармакологија и експериментална терапија.