Се откажа од сите пороци: Бора Чорба реши да си го промени животот од корен, а за тоа е ,,виновна” неговата сопруга

Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на најпознатата балканска рок група „Рибља чорба“, се откажа од цигарите и алкохолот поради долгогодишната партнерка Дубравка, но љубовта за љубовта правиме сè.

– Целосно сум чист, немам пороци, пијам вода, не пушам цигари – рече Бора, а на прашањето дали здравиот живот е поубав од оној што го водел претходно, рекол:

– Не е! Очекуваше да кажам дека е поубав, нели? Подобро е со пороци. Животот ми е подобар вака затоа што сум со жената што ја сакам – изјави Бора и додаде:

– Секој мој албум е посветен на мојата сопруга и секогаш кога ќе се спомне љубов значи Дубравка. Нема ни да поверувате, за првпат во историјата на „Рибља чорба“ на албумот се споменува женско име, тоа е Дубравка. Кога и’ кажав, мислам дека беше малку импресионирана и малку засрамена – истакна тогаш.