Се откажа од тенисот поради бујните гради, сега повторно го свртува вниманието на тој проблем: „Луѓето го коментираат моето тело…“

Американската тенисерка Аманда Анисимова реши да оди чекор понапред и да го сврти вниманието на јавноста кон „срамот на телото“, кој, за жал, станува се поприсутен и влијанието што го има врз спортистите!

Анисимова е дефинитивно вистинската адреса од која може да се извлечат совети кога станува збор за ваков проблем, бидејќи во еден период (мај 2023 година) решила да го напушти тенисот на неколку месеци за да го стави своето ментално здравје на прво место.

И тоа откако доби жестоки критики за нејзините гради.

– Здраво на сите. Решив да се појавам за да ги објаснам моите планови детално. Навистина се борам со моето ментално здравје и „прегорување“ од летото 2022. Стана неподносливо да се игра на тениски турнири. Моментално приоритет ми е менталната благосостојба и ќе паузирам некое време. Сето тоа ќе ми недостига и ја ценам вашата поддршка, и ќе направам се за да ги пребродам овие проблеми – напиша тогаш таа.

Анисимова сега е „гласна“ за негативното влијание на коментарите на интернет врз нејзиниот изглед. Таа укажа на зачестеноста на ваквите опасни забелешки.

– Расте бројот на луѓе кои секојдневно го коментираат моето тело на социјалните мрежи.

Како одговор на еден конкретен навредлив коментар кој го нарече нејзиниот изглед „најнеатлетски“ и ги критикуваше нејзините „тесни рамења и огромни гради“, Анисимова јавно сподели скриншот, привлекувајќи внимание на проблемот со „срамот на телото“ во спортот.