Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски вчера бил повикан да даде изјава во полициска станица по пријава од менаџментот на М-НАВ.
Тасевски ја потврдил информацијата и најавил дека деталите во јавност ќе ги соопшти денеска на прес-конференција.
Синдикатот на контролорите на летање неколку пати досега обвини дека во Агенцијата се вработуваат несоодветни кадри.
Претходно, раководители на инженерски сектори поднесоа оставки на функциите. Извршниот директор на М-НАВ, Фахрудин Хамиди тогаш изјави дека нема политички влијанија, а дека кандидатите се примени по истата процедура како и на претходните огласи.
Синдикатот најави штрајк поради нови сомнителни огласи за вработување, кои се спротивни на она што било договорено во октомври, пред првата најава за блокирање на работата на контроланалетање. Сепак се дојде до решение и контролорите не штрајкуваа за време на новогодишните празници.