,,Се плашам од…” – Што кажа Вучиќ во утринската програма на американската телевизија?

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, гостуваше во утринската програма „Разбуди се Америка“ на американската телевизија Њусмакс.

– Мораме да бидеме максимално објективни. Знаете дека сме во преговарачки процес под покровителство на Европската Унија. Пред тоа имавме добар тек со администрацијата на претседателот Трамп. Се обидовме да го спроведеме Вашингтонскиот договор – рече претседателот Вучиќ на новинарско прашање и додаде дека нема иста желба и намери од другата страна.

Тој посочи дека во рамките на бриселскиот договор постигнат пред 10 години, една од обврските на приштинската страна е формирањето на Заедницата на српските општини, што сè уште не е сторено.

– Сега се плашам од ескалацијата на мерките што ги презема владата на Албин Курти во последно време, а кои, се плашам, ќе се повторуваат утре, задутре и секој ден – рече Вучиќ.

Тој истакна дека Курти постојано ги провоцира Србите со ваквото однесување и дека не му е јасно што сака да постигне.

– Видов дека реагираше и државниот секретар Ентони Блинкен, дека реагираше и Европската унија – рече Вучиќ и додаде дека тие реакции сè уште не се доволно силни за да го убедат Курти да престане со ваквите провокации.

На новинарско прашање дали мисли дека треба да бидат посилни реакциите, Вучиќ одговари:

– Би сакале да видиме многу јасни сигнали од американската администрација и од Европската унија. Одвреме-навреме, се осмелувам да кажам, добиваме сигнали, на српски го нарековме „билатерализам“, кога и да треба да реагираат, без разлика кој е иницијаторот и чија вина е, секогаш има „две страни“ – рече Вучиќ.