Азербејџан испрати конвој со хуманитарна помош за ерменското население во Карабах

 – Министерството за вонредни ситуации на Азербејџан испрати конвој со хуманитарна помош за да ги задоволи итните потреби на ерменското население во азербејџанскиот регион Карабах.

Прашањето за хуманитарна помош беше и на агендата на вчерашната средба на азербејџанските претставници и претставниците на ерменското население во Карабах во градот Јевла во Азербејџан.

Претставниците на ерменското население побараа од Азербејџан да ги задоволи нивните итни потреби за гориво и храна.

Во согласност со ова барање, конвојот камиони со хуманитарна помош подготвен од Министерството за вонредни ситуации на Азербејџан се упати кон градот Агдам.

Возилата со 40 тони храна и средства за чистење ќе поминат низ Агдам и ќе стигнат до градот Ханкенди, каде што живее ерменското население, а помошта ќе биде поделена на сиромашните во тој регион.

Мирали Фејзивеј, регионален директор на Министерството за вонредни ситуации на Азербејџан во Карабах, им рече на новинарите дека ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош за да се задоволат потребите на ерменското население во регионот.