СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ВЕРУВА ДЕКА АЛМА НЕ СКОКНА ОД МОСТОТ СО ДЕЦАТА Голем пресврт во истрагата: Валентина е клучната личност за разрешување на мистеријата

Алма Арази (39) и нејзините три деца вечерта на 2 мај не скокнале од новиот мост Буна во реката Бојана во Скадар , потврдија од истражната група, пренесуваат албанските медиуми.

Како што јавува Репорт ТВ, Алма со децата се движела кон крајот на мостот, патот кој води до државниот пат Скадар-Мурикан.

Обвинителството тргнало кон оваа трага, откако во месноста Дејлан, на околу 100 метри од мостот на Буна, било пронајдено тело на друго девојче. На истражителите сега им е јасно дека Алма Арази го извршила екстремниот чин под новиот мост на Буна, на брегот.

Скадар
ФОТО: ФЕЈСБУК/АЛМА БУШАТИ АРАЗИ

Што се однесува до претходните истраги за трагедијата што ги шокираше сите, каде мајка си ги удавила своите малечки , а потоа се самоубила, осомничен е сопругот кој е во притвор под обвинение „предизвикување самоубиство“.

Телефонот на Ергис Араз се испитува во криминалистичката лабораторија во Тирана, за да се докаже дали тој бил во близина на Алма и трите деца во моментот кога постои сомнеж дека е извршено самоубиството.

За анализа на телефонот, побарани се податоци од мобилната компанија, а се разгледуваат и неговите пораки и комуникации од вечерта на 2 мај. Телефонот на Алма не бил пронајден на местото на трагедијата.

Во грмушките се пронајдени кукли и амбалажа за храна, но научната лабораторија се уште не одговорила дали тие припаѓаат на децата на Алма.

Од друга страна, засега клучна личност за истражителите е јатрвата на Алма, Валентина Арази, која, како што може да се види на видеото, пиела кафе со неа пред екстремниот чин на самоубиство со три деца.

Валентина Арази во првото сведочење рече дека Алма се простила со неа, велејќи и дека ќе оди кај нејзиниот брат во Драч, да се смири по расправијата со сопругот. Инспекторите соопштија дека со неа повторно ќе се разговара, со цел да се извлечат други информации кои можат да го расветлат овој трагичен настан.