СЕ ПОДГОТВУВА ИНВАЗИЈА !? Полска ја преместува воената машинерија на границата со Белорусија – Александар Лукашенко во паника
Според прес-службата на Генералната команда на Полска, вооружените сили на Полска во моментов префрлаат 1.000 војници и 200 парчиња воена опрема на границата со Белорусија.
Целта на овој трансфер на сили е да се зголеми присуството во источна Полска и да се покаже волја и способност веднаш да се одговори на можните обиди за дестабилизација на ситуацијата на границата. Според најавите, утре се очекува интензивно движење на воени конвои на патните правци во северниот, централниот и источниот дел од земјава.
„Го зголемуваме нашето присуство во истокот на Полска. Илјада војници и речиси 200 парчиња опрема од 12-та механизирана бригада и 17-та механизирана бригада ќе се преселат на истокот на државата“, посочуваат од командата.
Во мај, поранешниот заменик-министер за национална одбрана на Полска, генерал Валдемар Скшипчак, изјави дека Полска се подготвува да поддржи вооружен удар во Белорусија, како и дека планира да ја окупира соседната земја во рок од три дена.
Од друга страна, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, тврди дека Западот планира да изврши инвазија на територијата на Белорусија за да ја уништи. Овие изјави дополнително ги поттикнаа тензиите меѓу двете земји.