Димитар Ковачевски: “Mерките што ги презема Владата го даваат очекуваното, инфлацијата се спушти на 9,3 отсто“

Државниот завод за статистика објави охрабрувачки податоци за нивото на инфлацијата во земјата, коe се спушти на 9,3% во јуни 2023 година, забележувајќи скоро 10 п.п. пад во однос на октомври 2022 година, кога изнесуваше 19,8%“, напиша премиерот Димитар Ковачевски во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Ваквите податоци укажуваат дека мерките што ги презема Владата го даваат очекуваното и инфлацијата од октомври 2022 година се движи во континуитет во надолна линија. До крајот на годината очекуваме овој тренд да продолжи и да се одржи едноцифреното ниво на инфлацијата, а во наредната година да биде околу 2%“, се вели во објавата на премиерот.

Намалувањето на инфлацијата е позитивен фактор за севкупната македонска економија“, заклучува Димитар Ковачевски.