Младата мајка била пронајдена мртва, а детето во тоа време било над неа. Лорен Пејџ Смит (29) од Вулверхемптон, Англија, претходно се жалела на болки во градите, но Брзата помош не ја однела во болница.
Коронерката Џоан Лирс изјавила дека дошло до голем неуспех на болничарите на местото на настанот и дека не и’ била пружена основна медицинска нега, пишува The Sun.
Лорен се јавила на 911 на 6 јануари и пристигнале да ја проценат нејзината состојба. Само неколку часа по заминувањето на лекарите, мајката Ема Карингтон ја нашла Лорен на подот.
– Ми рече: ‘Бабо, мама спие. Мама нема да се разбуди. Ја зедов мојата внука, ја превртев ќерка ми и се обидов да ја разбудам. Но, не можев да ја спасам. Веќе ја нема… рече Ема.
За време на истрагата, болничарите рекоа дека ЕКГ-то на Лорен било нормално.
Анализата покажала абнормален наод за жена на возраст меѓу 18 и 39 години, што укажува дека имала срцев удар.
Аутопсијата открила дека Лорен починала од ненадеен срцев удар по згрутчување на крвта во нејзините бели дробови.
– Лута сум. Моето срце е скршено. Животот никогаш повеќе нема да биде ист, рекла мајката на починатата и додала дека Лорен била сакана ќерка и посветена мајка, пренесува The Sun.
Мајката рече дека имало јасен знак дека слњдува срцев удар, и покрај тоа што болничарите рекле дека нема ништо за што да се грижи. Нивната изјава влијаеше на одлуката на Лорен да не оди во болница. Но, судскиот лекар истакнува дека не знае дали наодите од ЕКГ биле правилно прочитани.
Портпаролот на службата за брза помош Вест Мидлендс изјави дека тие се извиниле и изразиле искрено сочувство до семејството на жената која починала.
– Покрената е опсежна истрага за овој инцидент. Ќе продолжиме да правиме сè што можеме за да спречиме вакво нешто да се повтори, рекоа тие.