СЕ ПОКАЈАА! БРЕГЗИТ Е ГОЛЕМА ГРЕШКА ЗА БРИТАНЦИТЕ: Во Лондон се одржа марш за повторно приклучување кон Европската унија
Во Лондон денеска протестираа граѓани кои се залагаат за повторно влегување на Велика Британија во Европската унија, додека Брегзит го опишаа како „голема грешка“.
Тие се собраа пред хотелот Хилтон на Парк Лејн во центарот на британската престолнина, по што го започнаа „Националниот марш за обединување“ (НРМ), пренесува Гардијан.
Според весникот, демонстрантите биле облечени во сина облека и носеле знамиња на Европската унија.
Водачот на НРМ и ко-основач Питер Кор рече дека одлучил да го организира маршот бидејќи „се чинеше дека сите се откажале од целта“.
– Брегзит беше огромна грешка. Сите ние, особено луѓето од работничката класа и сиромашните, плаќаме за тоа и мораме да направиме нешто околу тоа“, рече Кор, кој е возач на камион од Дерби.
Тој наведе дека анкетите покажуваат дека 60 отсто од земјата и 80 отсто од луѓето помлади од 25 години постојано се за враќање во ЕУ.
Граѓаните на Велика Британија на референдум одржан во 2016 година гласаа за излез од Европската унија.