СЕ’ ПОРАДИ АЛЧНОСТ !? Страшно убиство ја потресе Германија – млада девојка ја задавила својата пријателка во училишен двор! Уапсено и 17-годишно лице од Балканот !?
Оваа девојка има само 17 години, а наводно веќе станала ладнокрвен убиец, пишува германскиот дневен весник Bild Zeitung, известувајќи за апсењето на една млада Хрватка од Реклингхаузен во областа Рур во Германија.
Според Bild Zeitung, надлежниот истражен судија претходниот ден наредил мерка притвор на 17-годишна Хрватка поради сомнение дека ја задавила 19-годишната девојка Емили во училишен двор. Според нивните информации, полицијата ја обвинува дека Хрватката дека ја убила својата познаничка поради алчност.
Надлежната обвинителка Свења Гросе-Креул не сакала јавно да изнесува детали за позадината на убиството. „Истрагата е сè уште на почеток“, кратко изјави таа за германските медиуми.
Мртвото девојче зад зградата на основното училиште го пронашле ученици во понеделникот наутро. Обдукцијата покажала дека девојчето е задавено, но средството за егзекуција, најверојатно било шал или нешто слично, засега не е пронајдено.
Полициските истражители испрашувале бројни лица од околината на убиената девојка и на тој начин пронашле 17-годишна млада девојка. Очигледно нашле одредени индиции кои ја поврзуваат младата Хрватка со ова злосторство и таа била уапсена во понеделникот вечерта.
Според споменатиот весник, таа веќе и е познат на полицијата, но не и за тешки кривични дела. Други детали се уште не се објавени.