СЕ ПОРОДИ НА 66 ГОДИНИ И СТАНА НАЈСТАРАТА МАЈКА НА СВЕТОТ: Ќерката на Адријана наполни 18 години a вака изгледа нејзиниот живот ДЕНЕС

Романската универзитетска професорка и авторка на романи за деца, Адријана Илиеску имала 66 години кога ја роди ќерката Елиза во 2005 година. Ова е случај кој тогаш ја шокираше светската јавност, бидејќи ниту една жена не се породила толку доцна . Нејзиниот рекорд подоцна беше соборен од други жени, од кои најстарата е Индијката Мадам Мангајама Џарамати, која роди близнаци во 2019 година на 73-годишна возраст.

Адријана Илиеску

Но бидејќи беше прва, Адријана се најде на мета на критики од јавноста, но и од верските здруженија. Сите разговараа за етиката на третман со ИВФ кај постарите жени. Имено, иако Адријана ја носела и ја родила Елиза, таа самата не ја зачнала. Односно, Елиза на свет дојде благодарение на јајце клетката и спермата на донаторот, пишуваат Parents.hr.

И покрај критиките, Адријана призна дека размислува за уште едно дете:

“Се трудам да не се гледам во огледало, бидејќи тоа не ми е љубезно. Иако имам 72 години, се чувствувам како да имам 27 години, имам многу енергија и живот во мене. Иако, кога сум уморна, јас се чувствувам како да имам 37 години… Од медицински аспект сосема е можно да имам уште едно дете. Во моментов вакви тестови се прават на жени во Англија, па тоа е повеќе од можно и остварливо здрава сум и се чувствувам добро. Не пушам, не пијам. Затоа би сакала да родам уште едно дете во иднина, но немам причина да брзам“, изјавила Адријана

Но, таа немаше повеќе деца, а Елиза успешно ја израсна сама. Нејзината ќерка денес има 18 години.

Адријана Илиеску

„Решив да го следам моделот на мајка ми, а имајќи предвид дека таа беше професорка, сакам да бидам како неа. Разбирам дека нема да биде лесно, особено што ќе се обидам да студирам два факултети истовремено, но јас сакам да пробам. И да тргнам по стапките на мајка ми“, изјави неодамна младата Елиза, која го заврши средното училиште со најдобри оценки.

“Не сакам да се фалам со тоа! Значи, нема да го откријам точниот просек, да речеме над 9,5”, рече таа, а на прашањето како изгледа нејзиниот живот, за кој многу се пишуваше во медиумите, таа одговара: „Бев и сум обичен човек. Исто и моите пријатели и учители. Не сакам да зборувам за тоа и сакам сите да ме гледаат како обичен човек, како што јас ги гледам другите“.

Адријана Илиеску добива просечна пензија од која се издржува себеси и својата ќерка.