Се појави ново видео од сударот на небото над Вашингтон: Патничкиот авион се претвори во огнена топка

Патнички авион на Американ ерлајнс се урна во Вашингтон откако се судри со воен хеликоптер.

Објавено е видеото од надзорните камери кои го покажуваат моментот кога патнички авион се урна над реката Потомак во близина на аеродромот Реган.

Во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот, додека во воениот хеликоптер имало тројца војници на американската армија. Американскиот претседател Доналд Трамп бил информиран за „страшната несреќа и им се заблагодарува на службите за итни случаи за нивната неверојатна работа“.

Станува збор за авион Бомбардиер ЦРЈ700 и Блек Хок, а несреќата се случила околу 21:00 часот по локално време. Сообраќајот на аеродромот е во прекин.