Се појави првата фотографија од Лејди Гага од снимањето на новиот филм! Пејачката ќе глуми рамо до рамо со Хоакин Феникс: Прочитајте каква улога!

Американската пејачка Лејди Гага ќе глуми во продолжението на исклучително успешниот филм за Џокер, ,,Joker: Folie a deux“ и сега ја сподели својата прва фотографија од сетот на филмот.

Лејди Гага ќе ја глуми Харли Квин, негативецот и единствената љубов на Џокер, а сега имаме шанса да видиме како ќе изгледа. Фотографијата ја сподели и режисерот на филмот, Тод Филипс, а реакциите од фановите беа главно многу позитивни.

„Ќе има Оскари“, „Дајте и’ уште Оскари на Лејди Гага, таа го заслужува тоа“, „Едвај го чекам овој филм“, „Не е ни излезен а сепак е веќе филм на годината“ – беа дел од коментарите.

Да потсетиме дека продолжението на Џокер, според сите проценки, треба да биде мјузикл, иако ништо не се знае за заплетот на филмот.

Заедно со Хоакин Феникс и Гага, Брендан Глисон, Зази Биц и Кетрин Кинер исто така треба да глумат во споредните улоги.

Филмот треба да излезе на 4 октомври 2024 година.