Се појави снимка од боксерски меч во кој почина млад борец (27): Летаа тупаници, а реакцијата на судијата е СРАМНА

Младиот ирски боксер Џон Куни (27) почина по боксерски меч против Нејтан Хауелс , откако се здоби со тешки повреди! Во текот на натпреварот тој доби огромен број на удари директно во главата, што резултираше со значителни повреди, оштетувања, а потоа и смрт.

Иако на прв поглед снимката не е ништо драматично, се изгледа како обичен боксерски меч, не смее да се заборави дека секој удар остава последици, кои Куни трагично ги доживеа од прва рака.

По повеќе од 20 последователни удари во глава, судијата ја прекина борбата и му додели на Натан победа со технички нокаут.

Очигледно судијата реагираше предоцна.

Како тоа изгледало можете да погледнете во видеото.