Се појави снимка од закана која ја замрзнува крвта во вените: „Реки крв ќе течат низ улиците на Париз“!?
Терористичките закани пристигнуваат во пресрет на почетокот на Олимписките игри во Париз.
На само три дена пред официјалното отворање на Олимписките игри во Париз се појави застрашувачка закана која ја замрзнува крвта во вените.
На социјалните мрежи почна да кружи видео од маскиран човек кој упатува страшни закани кон Французите и претседателот Емануел Макрон на арапски:
„Во името на Бога, нашата борба против ционистичкиот режим продолжува, им велиме на Французите и на претседателот Макрон: вие го поддржавте ционистичкиот режим во нивната криминална војна против Палестинците.
Ги снабдувавте со оружје. Ти им помогна да ги убијат нашите браќа и сестри и нашите деца. Ги поканивте ционистите на Олимпијадата. Ќе платиш за тоа. Реки крв ќе течат низ улиците на Париз. Доаѓа тој ден“, вели човекот кој држел лажна отсечена глава на крајот од видеото.
Иако многумина го вперија прстот кон палестинскиот Хамас, нема јасен доказ дека тоа е навистина нивната порака.
Да додадеме дека француската полиција апсолутно не сака ништо да препушти на случајноста, подготвила високи безбедносни мерки за израелската делегација која пристигна во Париз. За време на престојот на Игрите ќе имаат 24-часовна заштита, а нивната безбедност цело време ќе ја следат израелски агенти.
По бјавата видеото беше избришано од социјалната мрежа Х.