СЕ ПОЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД СЕМЕЈСТВОТО ЗИДАН – КАКВИ ЅВЕРОВИ СЕ ТОА: Сите со плочки и тато Зинедин е во топ форма! (ФОТО)

Зинедин Зидан очигледно им ја пренел генетиката на своите синови.

Зинедин Зидан одамна ја заврши фудбалската кариера, но се уште е во врвна форма! Се појави фотографија од семејството Зидан од нивниот одмор, а на неа сите се навистина во импресивна физичка кондиција. Зидан и неговата сопруга Вероника се заедно со синовите Енцо, Лука, Тео и Елијаз. Сите синови се фудбалери и се гледа дека немаат ни грам вишок килограми и дека се им е стегнато!

Најстариот син Енцо е играч од средниот ред кој по академијата на Реал Мадрид играше за Алавес, Лозана, Авес, Алмерија, Родез и сега е во Фуенлабрадо. Лука е голман и ја има најдобрата кариера откако беше резерва во Реал, потоа бранеше за Расинг Сантандер, Рајо Ваљекано и Еибар, додека Тео и Елијаз се уште се во академијата на Реал.

Зидан се заљубил во својата сопруга додека играл за Кан на почетокот на кариерата, иако бил голема ѕвезда и иако заработувал милиони, никогаш не бил дел од никакви интриги и скандали. Приватниот живот го чуваше за себе, а сликите јасно покажуваат дека семејството Зидан и понатаму е хармонично и – физички неверојатно подготвено!