СЕ РАЗБУДИ ОД КОМА ПО 244 ДЕНА И ГО Удрил пикап: Чудото траело седум години, а потоа смртта ненадејно затропала на вратата
29-годишен маж од Флорида, кој преживеа исклучителна долготрајна кома од 244 дена по сообраќајна несреќа со мотор, трагично почина во друга несреќа минатата недела.
Дру Кон, кој имаше 22 години кога доживеа тешка сообраќајна несреќа со мотор во 2017 година, се здоби со повреди на мозокот и падна во длабока кома. Во еден момент лекарите размислувале да му ги донираат органите, но неговата мајка Јоланда Озборн-Кон не изгубила надеж.
Јоланда се присети на чудесниот момент кога нејзиниот син за прв пат прозборел по долг период на кома. „Да, мамо, добро сум“, рече тој. “Те сакам, мамо.” По долгогодишна напорна рехабилитација, Дру можел повторно да оди, со што го добил епитетот на „модерно чудо“.
Осум месеци беше во кома, а потоа започна долгиот процес на опоравување. Сепак, неговата судбина трагично заврши кога на 26 јули во него удри пикап.
Според извештајот од шерифот на Џексонвил, Кон се движел по улицата околу 5:30 часот кога се случила несреќата. Возачот, кој тврдел дека не ја видел жртвата, го запрел возилото и повикал 911, но Кон бил прогласен за мртов на местото на настанот.
Неговата мајка изразила благодарност за дополнителните седум години кои ги поминала со својот син.
– Благодарна сум за времето што го имав со него – рече таа. – Господ ми го исполни барањето, а јас не се лутам. Не сум лута. Мирна сум – додаде таа.
Таа вели дека верува дека нејзиниот син сега е на подобро место, без страдања и болки.
– Дру е излечен, оди, не се бори да одржува рамнотежа. Раката веројатно му е крената високо и вели: Ти благодарам, Исусе!