Судијката Лаура Руиз Аламинос ја пресметала сумата врз основа на минималната месечна професионална плата за четвртина век
Шпанскиот суд наредил мажот да и плати на поранешната сопруга Ивана Морал 204.000 евра како компензација за 25 години неплатена домашна работа.
Судијката Лаура Руиз Аламинос ја пресметала сумата врз основа на минималната месечна професионална плата за четврт век брак на парот.
Според одлуката објавена во вторник, мажот на Ивана мора да и плаќа и пензија од 500 евра месечно, како и 400 и 600 евра на своите ќерки кои сега имаат 20 и 14 години.
Јас и моите ќерки останавме без ништо по сите овие години вложување на моето време, енергија и љубов и семејство“, изјави Морал, зборувајќи за тоа како не добила никакви финансиски средства по разводот.
„Го издржував мојот сопруг на работа и во семејството. Никогаш немав пристап до финансиските работи, се беше на негово име“, додаде таа.
Двојката се венчаше во 1995 година, но Морал поднесе барање за развод во 2020 година.
На суд беше опишано како за време на бракот мажот изградил успешен бизнис со теретани што му овозможиле да купи Порше Кајен, Ренџ Ровер, мотор БМВ и фарма за маслиново масло од 70 хектари, чија вредност била проценета на четири милиони евра.
Кога нивната постара ќерка наполнила 16 години, тој одбил да и плати за продолжување на образованието, па таа почнала да работи, пренесува „Вечерњи“.
Кога се венчале, сега веќе бившиот сопруг побарал од Ивана да потпише договор за раздвојување на имотот. Затоа целото богатство би го задржал во разводот, додека заедничкиот имот би се поделил.
Морал, чиј поранешен сопруг не беше именуван во судската одлука, рече дека се надева дека нејзиниот случај ќе инспирира други жени.
Откако побарала развод, прво добила половина од нивната куќа, но ништо повеќе, пишува „Inews“.
„Причината поради која решив да разговарам со медиумите е затоа што сакав жените да знаат дека можеме да бараме домашна работа кога има договор за разделба“, рече таа.
Марта Фуентес, нејзиниот адвокат, рече:
„За да може тој да ја продолжи кариерата, таа остана дома да се грижи за децата и никогаш не повикаа никого да и помогне. Таа беше неговата сенка, работеше зад него за да може професионално да се издигне и да стане некој“.