Се роди необично суштество: Очите, прстите и дел од мозокот му се – зелени! Зад сè се крие морничава приказна… (фото)

Научниците во Кина најавија раѓање на специјален мајмун со зелени очи, прсти и опашка – единствен чиј матични клетки се земени од два ембриони. Несреќното суштество живеело само десет дена пред да умре, но научниците истакнале дека тоа е голем научен напредок, кој го објавиле во научното списание Cell.

Мајмунот е „создаден“ со помош на матични клетки од две генетски различни оплодени јајце клетки од ист вид за да се создаде една макака. Инјектираните клетки од посебен ембрион се означени со зелен протеин за да можат научниците да видат кои ткива пораснале од матичните клетки – па оттука и светлечките очи и врвовите на прстите.

Животното кое е родено имало висок процент на ткиво со зелена боја произведено од матични клетки, вклучувајќи ги очите, прстите, опашката и до 90 проценти од мозокот.

Експертите се надеваат дека откритието еден ден би можело да создаде мајмуни со ткива слични на човекот, што ќе им овозможи на биомедицинските истражувачи попрецизно да ги прегледаат лековите и да тестираат нови терапии за болести како што е амиотрофичната латерална склероза.

Истражувачите признаваат дека вкупната ефикасност на овој процес е „сè уште ниска“, но велат дека тоа е ветувачки чекор. Голем број на вака модифицирани ембриони не се раѓаат, а од родените во оваа процедура само еден преживеал десет дена. Сепак, научниците немаат намера да се откажат, туку ќе продолжат со процесот, пишува News.com .