СЕ РОДИ НОВАТА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ: Дрскиот фустан откри се на младата актерка, мажите останаа со “отворени усти” (ФОТО)
Дрзок фустан на Оскарите – која е младата актерка што го носеше фустанот на Анџелина Џоли.
Оскарите беа можност познатите актерки да ги покажат своите најдобри изданија, а вечниот црн фустан победи како избор на многу убаво облечени дами.
Американската актерка Сидни Свини го избра спротивното – сатенски свилен фустан во слонова коска нијанса кој привлечно се собира и се лизга по телото. Ако мислите дека сте го виделе овој фустан претходно на некоја стара фотографија, не се лажете.
Фустанот во кој се појави младата убавица на традиционалната забава организирана од Vanity Fair по повод доделувањето на наградата е истиот што Анџелина Џоли го носеше пред 20 години на церемонијата во Долби театарот во Холивуд.
Енџи потоа носеше неколку ѓердани за да го разубави провокативното деколте, а брусхалтерот очигледно беше вишок. А Сидни реши да облече прекрасно издание на холивудски гламур за да воздивнат мажите и да кажат – тоа е слика која секој дечко би сакал да ја носи во џебот.
Сидни за оваа пригода реши да ја скрати косата, а „бобот“ со големи бранови одлично се совпадна со гламурозниот фустан.