Се роди првата еднобојна жирафа во светот: Нема ни еден месец, а веќе сите зборуваат за неа! Објавен е конкурс за име, а еве како тоа изгледа (видео)

Еволуцијата ни дава способност да се прилагодиме на околината и да се бориме со надворешните услови на животот на поефикасен начин. Ова понекогаш води до необични мутации кои се манифестираат на фасцинантен начин.

Кога имаме можност да видиме една од тие мутации, обично секогаш остануваме во шок, а таква реакција сега предизвика бебе – жирафа, кое го обиколи светот поради своите карактеристики.

Жирафа е родена на 31 јули оваа година во Тенеси и веќе е висока околу 1.8м. Сепак, нејзината големина не е она што привлече внимание. Малата жирафа е родена без специфични шари. Таа е првата монохроматска жирафа во светот.

„Brights зоолошката градина“ соопшти дека бебето жирафа добро се снаоѓа, одлично напредува и моментално е под заштита на мајка си и чуварите на зоолошката градина, а сè уште не смислиле име. Објавен е конкурс за да се одлучи како да ја нарекуваат, а моментално ја викаат „специјална“