Македонските кошаркари во очекување на жрепката за олимписките претквалификации

– Откако со вчерашниот триумф над Норвешка успешно ги комплетираа претквалификациите за Евробаскетот 2025, пред македонските кошаркари следен предизвик се претквалификациите за пласман на Олимписките игри 2024 за кои жрепката е закажана во март.

Олимписките претквалификации треба да се играат во август, по што македонската кошаркарска репрезентација во ноември ќе се врати на обврските во квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Планирано е да учествуваат 32 национални тимови кои преку четири „прозорци“, во ноември 2023, февруари и ноември 2024, и февруари 2025 година, поделени во осум групи ќе се борат за 24 места кои обезбедуваат настап на Евробаскетот 2025.