Нормализиран сообраќајот по вчерашната криза.
Сите ограничувања на патниот сообраќај воведени поради саботната криза со Евгениј Пригожин и неговата воена компанија „Вагнер“ се укинати, соопшти утринава Руската Федерална агенција за патишта Росавтодор.
– Укинати се ограничувањата за сообраќај на сите патишта – соопштија од Росавтодор, пренесува ТАС С.
Претходно беа наметнати ограничувања на автопатските сектори во Ростов, Липецк, Тула и други региони на Русија.