Ковачевски и Маричиќ ќе учествуваат на трибина насловена „МК во ЕУ до 2030“

 Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Коваевски денеска ќе има свое обраќање на трибината „Резултати што прават разлика“ во организација на неговата партија во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Трибината е на тема „МК во ЕУ до 2030“ во организација на Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции на СДСМ.

Освен Ковачевски на трибината свое обраќање ќе имаат Бојан Маричиќ,секретар за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер за европски прашања, Соња Мираковска, пратеничка и копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на Северна Македонија-ЕУ, Фани Каранфиловска-Пановска, претставник од граѓански сектор и Филип Тосевски, претседател на Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции на СДСМ.