ФОТО | ГРАНИЦАТА НА НАТО НАПАДНАТА СО ПРАЧКИ И КАМЊЕА !? Полска објави дека маскирани лица во белоруски униформи фрлале со камења по нив

Полските власти соопштија дека маскирани лица во белоруски униформи со прачки и камења ги нападнале граничарите на оваа земја-членка на НАТО.

Newsweek наведува дека оваа вест доаѓа во време кога тензиите меѓу двете соседни земји не покажуваат знаци на смирување.

Се вели дека полските гранични сили објавиле во саботата дека група од седум „маскирани“ лица облечени во белоруски униформи фрлале камења врз полските патроли во близина на пограничниот град Дубица Черкиевна на североистокот на земјата.

Имале прачки и батериски ламби со кои ги заслепувале патролите“, соопштиле полските граничари, додавајќи дека инцидентот се случил околу девет часот навечер.

Полска, прашка

Се наведува дека на таа локација пристигнало специјално возило и дека нема повредени.

Newsweek потсетува дека на почетокот на овој месец Белорусија ја обвини Полска, која е меѓу земјите кои најмногу ја поддржуваат Украина, дека испратила хеликоптер преку граничната линија, што Варшава го демантираше.

Се известува дека само неколку недели претходно полските власти објавиле дека два белоруски хеликоптери влегле во полскиот воздушен простор, додека од официјален Минск било кажано дека немало прекршување на границите.

Полска во средината на август објави дека ќе испрати уште 10.000 војници на границата со Белорусија, од кои 4.000 ќе бидат задолжени за директна поддршка на граничарите.

Ја придвижуваме војската до границата со Белорусија за да го исплашиме и избркаме агресорот за да не се осмели да не нападне“, изјави тогаш Мариуш Блашчак, министер за одбрана на Полска.

Се потсетува дека Александар Лукашенко, белорускиот претседател и еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, во средината на јули изјави дека платениците од групата Вагнер, кои по напуштањето на Русија дојдоа во Белорусија каде што се обучуваат, се нетрпеливи да одат кон Запад односно кон границата со Полска.

Александар Лукашенко кажа рече дека борците на Вагнер ќе ги „посетат“ Варшава и Жешов, мислејќи на полскиот главен град и градот кој е еден од главните воени центри во Полска.

Коментарите дојдоа откако се појавија стравувања за судбината на коридорот Сувалки, тесна гранична област меѓу Полска и Литванија што ја поврзува Белорусија со руската балтичка ексклава Калининград.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, на крајот на јули објави дека Владата во Варшава има информации за движење на повеќе од 100 платеници од руската приватна воена група Вагнер во правец на коридорот Сувалки, кој е стратешки многу важен и за НАТО и за Русија.