Царинската управа одзема стари монети вредни над два милиони денари

Царинската управа информира дека на 22.07.2023 година, околу 17:00 часот на Меѓународниот аеродром Скопје на излез од државата, царинските службеници го избрале за контрола багажот на македонски патник кој патувал за САД.

Во багажот на патникот биле забележани сомнителни предмети и при деталниот преглед, во личните работи на патникот биле пронајдени стари монети од различно потекло и возраст, со нумизматичка вредност од 2.359.000 денари (38.354 евра).

Монетите се задржани привремено, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.