Се стравува дека четворица членови на екипажот загинале во падот на воениот хеликоптер на австралиските одбранбени сили.
Инцидентот се случи за време на заедничката воена вежба на австралиските и американските сили кај островот Линдеман во петокот вечерта.
Министерот за одбрана Ричард Марлс на прес-конференција изјави дека веднаш е започната мисија за пребарување и спасување.
– Допрва треба да се најдат четворица членови на екипажот – рече тој.
Според него, хеликоптерот MRH-90 Taipan се урнал околу 22:30 часот по локално време.