ЌЕ БИДЕ ПРОГОНЕТ ПОРАДИ СТАВOT ЗА РУСИЈА: Захарова за американскиот претседателски кандидат Кенеди Џуниор

Кенеди Џуниор е американски претседателски кандидат.

На американскиот претседателски кандидат Роберт Кенеди помладиот му се заканува прогон откако повика на дијалог на високо ниво со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Секогаш ги прогонуваат сите оние кои велат не во нивна корист. Мислам дека сега ќе се активира колосалната машинерија на омраза и прогон или, како што велат, „откажувања“, бидејќи она што го кажа Кенеди е сосема спротивно од она што го зборуваа изминатите години – рече таа.

Захарова додаде дека Русија не ги блокирала односите со ниту една земја и дека е подготвена да ги развива, меѓу другото, и со САД.

– Долги години се обидувавме да ги убедиме дека еднаквоста и взаемната корист е подобра од студена или топла војна. Меѓутоа, како што гледате, доминира друга логика, логиката на диктатура и наметнување на сопственото мислење – додаде таа.