Се судриле патнички и товарен воз во Србија: Неколку лица се повредени

Патнички воз вечерва во 18 часот и 47 минути се судри со задниот дел на товарен воз на пругата Оџаци – Ратково , а сега се појави и првата фотографија од местото на судирот на возот . Неколку лица се повредени, но нема жртви. Истрагата е во тек. Според првите извештаи од терен, се додава, причина за овој несекојдневен настан е човечкиот фактор.

На местото каде што се случил судирот има кал и таа делница е во мрак. За оваа несреќа соопштија од Железничката инфраструктура на Србија, а како што потврдија и тие, во сударот нема загинати. Сите се здобиле со полесни повреди и само што пристигнуваат во болница.

„Повредени се четворица патници, а машиновозачот го повредил рамото. И патничкиот и товарниот воз сообраќале од Нови Сад кон Богојево, а до несреќата дошло кога патничкиот воз го престигнал товарниот воз и удрил во задниот вагон на товарниот воз. “ , соопштија од „Српска железничка инфраструктура“ .