„Се топам кога ме прегрнува, таа е вистински манипулатор“ : Новак проговори за својата најголема љубов

Родендените во семејството на Новак Ѓоковиќ се слават на различни начини, но тој и Јелена најмногу уживаат барем дел од прославата да ја поминат во природа.

Така Јелена за својот 37 роденден сакаше да го помине на Азорските Острови, па прославата била заокружена со прошетки низ овој зелен рај.

Напротив, малата Тара пред два дена го прослави шестиот роденден во вистинската градска „џунгла “, во Њујорк. Нејзиниот татко Новак игра на турнирот и има успеси по успеси, но сигурно е дека на Тара и приредиле незаборавна прослава. На Инстаграм се појави само една слика, а на неа се гледаат Новак и Јелена како трчаат боси по тревникот со своите деца.

Среќниот ден на Тара ќе остане запаметен и по изјавата на Новак која ја пренесоа бројни меѓународни и домашни медиуми. Тој на прес-конференцијата по победата над Борно Гоја реагираше на изјавата на новинарот дека „татковците повеќе сакаат ќерки, а мајките синови“.

Прво се насмеа. „Веројатно би можел да го потврдам тоа. Не во контекст дека ја сакам ќерка ми повеќе од синот , ги сакам сите на посебен начин и тоа е неизмерна љубов што не може да се спореди со ништо“, рече Новак.

Сепак, вели дека има разлики во тие љубови. „Почувствителен сум на неа, се топам кога ќе ми каже нешто , а таа е малку манипулатор, па ме врти околу малиот прст. Стефан е поинаков. Машката врска е малку посилна, да го подготвиме за живот да се издржува себеси и идното семејство“, заклучи тој Ѓоковиќ.