Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Азербејџан, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC) .
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава EMSC.
Епицентарот на земјотресот се случил на 19 километри североисточно од градот Ланкаран, кој има околу 210.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.