Познатиот авион МиГ-23 од советско производство се урна денеска за време на аеромитинг во Мичиген!
Борбениот авион настапувал на аеромитинг во близина на аеродромот Вилоу Ран, кога пилотот изгубил контрола над леталото .
Во неделата на аеродромот се одржа воздухопловното шоу „Гром над Мичиген“, при што неколку авиони, меѓу кои и МиГ-23, изведуваа различни воздушни маневри. МиГ-23 е застарен авион кој ја вооружувал авијацијата на СССР, но е во борбена употреба во неколку други армии низ светот!
Портпаролот на настанот изјави за Локал 4 дека МиГ-23 се урнал пред станбениот комплекс. Пилотите во авионот се катапултирале и биле пронајдени.
Нивната состојба засега не е позната.