Се урна авион во Грција

Авион за обука на грчкото воено воздухопловство денеска се урна во близина на аеродромот во градот Каламата на Пелопонез.

Засега не се знае што се случило со пилотот, а според некои информации експлозијата одекнала пред да се урне авионот, пренесува Катимерини.

По падот на тренинг авионот Т-2 е започната операција за пребарување и спасување.

Според локален претставник, авионот се урнал за време на полетувањето.

Полицијата, пожарникарите и војската се на терен.