Се урна авион за обука на грчкото воздухопловство, пилотот загина: Oдекна експлозија пред да се урне авионот

Засега не се знае што се случило со пилотот, а според некои информации експлозијата одекнала пред да се урне авионот, пренесува Катимерини.

По падот на тренинг авионот Т-2 е започната операција за пребарување и спасување.

Според локален претставник, авионот се урнал за време на полетувањето.

Полицијата, пожарникарите и војската се на терен.