Историска зграда денес се урна во истанбулскиот кварт Бешикташ. Под урнатините на зградата има затрупано лице, објавија очевидци цитирани од турската државна телевизија TRT.
Трикатницата се урна при реставрација. Инцидентот се случил околу 15 часот и 30 минути.
При уривањето биле затрупани две лица. Едно лице е извлечено од под урнатините од луѓето од околината, јавија турските медиуми.
Преземена е акција за спасување на потрупаното лице. Во областа се испратени полициски екипи, пожарникари, медицински лица, екипи на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Во акцијата за спасување е вклучено и специјално обучено куче.